Во Институтот HCN, посветени сме на подобрување на знаењата и вештините на студентите и професионалците, потребни за напредување во светот кој брзо се развива. Со специјализираните курсеви предводени од нашите професори/едукатори, го премостуваме јазот помеѓу теоретското учење и неговата примена во реалниот свет. Поттикнуваме критичко размислување, иновативност и експертиза во техничките области и ги подготвуваме студентите со самодоверба да ја обликуваат сопствената иднина. Без разлика на едукативниот концепт, дали преку Masterclass, интензивни работилници или тековно менторство, Институтот HCN е ваш партнер во доживотното учење и професионалниот развој.
Нашата мисија е да ги поддржиме нашите студенти во процесот на проширување на нивните вештини и знаења, кои се предуслов за успех во нивните идни академски и професионални кариери, преку нашите висококвалитетни и флексибилни едукативни концепти кои поттикнуваат иновативност, критичко размислување и практично решавање на проблемите.
Нашата визија е етаблирање во водечка институција во сегментите на образованието и професионалното усовршување, како клучни фактори во креирањето на идните лидери и експерти во науката, технологијата и иновациите во нашата земја.
Доц.д-р. Игор Бимбилоски, дипл.ел.инж.